Двајца возачи загинаа синоќа во сообраќајна несреќа на патот Битола-Ресен

пред 3 години

Синоќа околу 22.40 часот на магистралниот пат Битола-Ресен, кај превојот „Ѓавато“, се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица.

Несреќата се случила помеѓу влечно возило „даф“ со приклучно возило „череау“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од З.С.(59) од Ресен и патничко возило „опел мерива“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.С.(53) од Охрид. Од здобиените повреди на местото на незгодата починале двајцата возачи.

Смрт констатирал лекар, а увид извршиле увидна екипа од СВР Битола и Јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите се дадени за обдукција.

Share
Scroll to Top