Заев го прекина одморот, заедно со Шахпаска и Филипче отиде во посета на Будинарци

пред 3 години

Да внимаваме сите, да ја ставиме безбедноста на прво место и да ги спречиме сите ризици кои може да предизвикаат пожар.
Во овие денови на регионална солидарност, упатуваме огромна благодарност за помошта која е веќе на теренот, а пристигна од Србија, од Словенија и од Австрија, како и за двата авиони кои пристигнуваат од Романија, ова е напишано на владината страна на Фејсбук.

По вчерашните информации кои ги пренесоа домашните медиуми дека премиерот и дел од министрите од владиниот состав се на одмор во услови кога во државата има пожари денеска на страна на владата на Фејсбук има слики од премиерот Заев кој во друштво на неколку министри од владата се на терен во опожарените региони.

„Беровско Будинарци е уште едно од македонските населени места кои се исправија пред огнот и заедно со пожарникарите, со своите мештани и со солидарната помош се борат за безбедност и за спас на околината. Шумите лесно се палат, а тешко се гасат – порачувам да внимаваме сите, да ја ставиме безбедноста на прво место и да ги спречиме сите ризици кои може да предизвикаат пожар.
Во овие денови на регионална солидарност, уште еднаш упатуваме огромна благодарност за помошта која е веќе на теренот, а пристигна од Србија, од Бугарија, од Словенија и од Австрија, како и за двата авиони кои пристигнуваат од Романија.
Ситуацијата ја следиме постојано и будно, во постојана ангажираност и координација се сите капацитети на државата и заедно со граѓаните и со пријателската помош заедно ќе се справиме со оваа опасност“, е напишано на Фејсбук страната на Владата.

Share
Scroll to Top