Премиерот Зоран Заев утрово заедно директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов и градоначалниците на Берово и Пехчево, Звонко Пекевски и Драган Тренчовски изврши обиколка и увид во Малешевијата, во близина на селото Будинарци, беровско, во чија околина се најголемите активни пожари.
„Владата, државата и Буџетот постојат за народот. Граѓаните не треба да се грижат и ќе бидат обештетени за штетите на нивните имоти. Ние имавме до доцна синоќа седница за да ги обезбедиме сите ресурси на располагање на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување за набавка на резерви и алати“, додаде премиерот информирајќи подетално за сите одлуки.
Тој посочи дека државата веднаш ќе излезе пресрет за надоместување на штетите на граѓаните.
„Веќе се започнати во некои општини процедурите за излегување на терен и правење проценка на штетите кои ќе се достават до Владата за исплаќање. Истовремено постојат експертски анализи и планови за возобновување на шумите и соодветно на почвата есенва ќе бидат посадени нови дрвја. Оваа есен ќе биде искористена за надополнување на шумските капацитети“, нагласи Заев.