Заев ќе учествува на Берлинскиот самит за Западен Балкан

пред 3 години

Премиерот Зоран Заев денеска ќе учествува на Берлинскиот Самит за Западен Балкан.

Самитот ќе го отвори федералната канцеларка на Германија, Ангела Меркел, а на истиот ќе се обратат шефовите на Влади од Западен Балкан, челниците на европските институции, премиерите на Обединетото Кралство, Хрватска, Грција, Бугарија и Словенија како и претседателот на Франција и канцеларот на Австрија.

По завршување на Самитот, Владата ќе извести со соопштение за јавноста.

Share
Scroll to Top