Комисија за заразни болести: Доколку постои можност ќе предлагаме постепено релаксирање на мерките

пред 3 години

На денешната средба на Комисијата за заразни болести била разгледана актуелната епидемиолошка состојба и се дискутирало, како што информираат од таму, во насока на интензивирање на кампањата за вакцинација против Ковид-19, преку пласирање научно проверени информации преку социјални мрежи и медиуми, со цел соодветно да се информира и едуцира јавноста за безбедноста и ефикасноста на вакцините.

„Иако е мирна ситуацијата луѓето да бидат свесни дека вирусот е присутен, а вакцинацијата е најбезбедниот начин за спречување на тешка форма на болест, хоспитализација и смртен исход“, велат од комисијата.

Додаваат дека во согласност со епидемиолошкиот ризик, како и ситуацијата со европските земји ќе продолжат внимателно да ја следат актуелната состојба и доколку постои можност ќе предлагаат постепено релаксирање на мерките.

Share
Scroll to Top