Левица: Владата ќе не’ задолжи 21,5 милиони, плус 200 илјади евра провизија за „реформи“ во основното образование

пред 4 години

Деновиве пред пратениците во Собранието, треба да се најде Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија, со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, соопштуваат од Левица.

Од партијата реагираат, дека станува збор за Закон од само шест члена, со кој државата ќе се задолжи со 21,5 милиони евра и ќе плати првична провизија од 21,500 евра и 11 годишни провизии од 0.25% провизија од неповлечениот износ на кредитот.

„ Ова се пари, со кои дополнително ќе пропаднеме во калта на должничкото ропство, ако се земе предвид дека моменталниот јавен долг изнесува 59% од БДП. Ваквиот тренд на задолжување во други држави, би го вклучил црвениот аларм. Но, власта предводена од СДСМ, без никаква транспарентност и образложение продолжува да се задолжува” реагираат од партијата.

 

 

Share
Scroll to Top