„Левица“: МНР ги остави на цедило македонските студенти во Русија

пред 4 години

Македонската дипломатија реди успеси на секој план. Хаосот кој владее во дипломатската мрежа на нашата држава, постојано ги става под ризик нашите државјани во странство, кои се оставени сами на себе без никаква поддршка од страна на дипломатските служби платени од јавни пари, а чија основна функција е да се грижат за нашите надвор, соопштои „Левица“.

„ Последен пример за ваквото недозволиво и неодговорно однесување е примерот со македонските студенти во Русија. И покрај уверувањата дека ќе им бидат обезбедени можности за продолжување на пасошите уште во јуни годинава, тоа не е сторено. Како резултат на ова, сега 20тина наши студенти престојуваат во Русија без здравствено осигурување на сред пандемија и под ризик да ги изгубат стипендиите.

При отсуство на агилност и поддршка од страна на МНР, повеќето од нив се приморани да се вратат и да ја изгубат школската година. Ова е само уште еден пример за неспособноста и незаинтересираноста на македонските институции да работат во служба на оние за кои постојат“ се додава во соопштението на партијата.

Share
Scroll to Top