Малолетник од Куманово прободен со остар предмет, го нападнала соученичка

пред 5 години

Малолетно лице од Куманово завршило во болница откако со остар предмет било нападнато од негова соученичка.

Имено вчера во 16.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека во болницата во Куманово со повреди од остар предмет бил однесен малолетник од Куманово.

По преземени мерки било утврдено дека тој бил повреден во средно училиште од малолетна ученичка во училиштето.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share
Scroll to Top