Маричиќ за 9 Мај: Идејата за обединета Европа е преголема за да биде попречувана

пред 4 години

Министерот за правда Бојан Маричиќ денес честитајќи го Денот на Европа и Денот на победата врз фашизмот порача дека идејата за обединета Европа е преголема за да биде попречувана. Осврнувајќи се на денот кога светот ја одбележува победата врз фашистите, министерот за правда на социјалните мрежи напиша дека речиси 50 милиони луѓе во светот загинаа во војната против фашизмот, кој никогаш не смееме да се врати во која било форма.

„ Светот денеска го одбележува Денот на победата врз фашизмот, а нашиот континент и Денот на Европа – 9 мај ги спојува овие два значајни настани кои имаат големо значење и за Северна Македонија. За време на Втората светска војна, Македонците без двоумење застанаа на вистинската страна на историјата и заедно со антифашистичкиот фронт победија. Речиси 50 милиони луѓе во светот загинаа во војната против
злото кое никогаш не смееме да се врати во која било форма и тоа не смееме да се заборавиме.Исто така не смее да се заборави идејата за
обединета Европа која се роди петнаесетина години подоцна преку Шумановата декларацијата. Обединети во различностите, со заемна почит едни кон други кон траен мир и просперитет. Нашата земја природно припаѓа кон Европската унија. Направивме многу реформи за наша интеграција и очекуваме ЕУ да ги потврди вредностите на кои се темели и процесот за конечно обединување на континентот да продолжи. Идејата за обединета Европа е преголема за да биде попречувана, напиша Маричиќ.

Share
Scroll to Top