МВР не ја наведува причината за запирањето на Максим Димитриевски и најави истрага за случајот

пред 3 години

Од Министерството за внатрешни работи по сопирањето на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, велат дека за случајот е вклучен Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди. Од таму не ја наведуваат причината поради која бил сопрен Димитриевски и наведуваат дека нема да дозволат било каков притисок и незаконско постапување.

Полицијата утрово го сопрела возилото во кое бил Димитриевски, кој  е и кандидат за втор мандат, неофицијално, оти имало затемнети стакла. Возилото било испратено на техники преглед бидејќи тоа била стандардна процедура за оние кои возат со затемнети стакла кои се забранети.

Од МВР официјално не кажуваат која била причината поради која било сопрено возилото во кое бил градоначалникот, но најавуваат истрага за случајот.

„Во врска со денешниот случај во Куманово, кога е сопрено возило ‘рено’, управувано од Д.Д., ве известуваме дека Министерството за внатрешни веднаш го вклучи Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди за целосно расчистување на случајот. МВР нема да дозволи било каков притисок, незаконско постапување или злоупотреба на положбата“, велат од МВР.

Утрово градоначалникот Димитриевски со вклучување во живо на „Фејсбук“ се пожали дека полициско возило го следело неколку улици, а го сопрело кога дошол на улицата Лесковачка во Куманово. Во автомобил бил заедно со Дејан Димитриевски, а полицијата им ги земала документите и без објаснување ги држела петнаесетина минути, период во кој бил блокиран сообраќајот. Неколку минути по првото вклучување во жив, Димитриевски се вклучи и вторпат, со објаснување дека полицијата ги испратила на технички преглед иако знаеле дека возилото е ново.

Димитриевски во видеата порачува дека ваквите притисоци на министерот Оливер Спасовски, среде кампања пред вториот круг на изборите, нема да го поколебаат. Во првиот круг на изборите тој, како независен кандидат, освои 22 гласа повеќе од кандидатот за градоначалник од СДСМ, Оливер Илиевски. Следењето од полицијата и сопирањето Димитриевски смета дека се начин да му се изврши притисок поради изборниот резултат.

Share
Scroll to Top