Мицкоски: И СДСМ и ДУИ имаат градоначалници, но немаат ниту еден отчет, зашто ништо не направиле

пред 3 години

Ме радува фактот дека и покрај сите проблеми, сепак општината Ѓорче Петров продолжува да работи на терен, продолжува да ги исполнува ветувањата кои се дадени пред граѓаните, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на оваа скопска општина каде градоначалник е Александар Стојкоски.

Според Мицкоски токму реализацијата на проекти од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ предизвикува нервозата кај политичките конкуренти.

„Во Македонија имате повеќе од 20 градоначалници од СДСМ и од ДУИ, а јас ниту отчет видов, ниту знаеме кој проект го реализираа. Така што, сето тоа кое што денеска претставува напад, ние со насмевка мораме да го прифатиме и истовремено да одбиеме што би се рекло на невистините кои што доаѓаат од нашиот политички противник СДСМ“, кажа Мицкоски, додавајќи дека е важно во периодот кој следи и покрај сите предизвици да се продолжи со работа и да се испорача ветеното за граѓаните.

Инаку, градоначалникот на Ѓорче Петров денеска најави, како што рече, капитален проект на улицата Радушка.

Станува збор за атмосферска канализација во должина од 1.115 метри на оваа улица, која е една од најстарите во општината и шест нови приклучоци за околните улици.

Share
Scroll to Top