Мицкоски: Корупцијата цвета, на власт имаме луѓе на кои и мафијата може да им позавиди

пред 4 години

После најновиот извештај на „Транспаренси интернешнл“, според кој по степенот на корупција сме на историски најлошото 111-то место, не е доволна оставка на министерот за правда, или министерот статист за борба против корупција, потребно е целата Влада да си замине, веднаш, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Кога ги нареков мафија, многумина ми велеа зошто толку силни зборови употребувам.

Според Транспарентност Интeрнационал…

Posted by Hristijan Mickoski on Четврток, 28 јануари 2021

„Пад од 5 места споредено со минатата година и никогаш полошо во периодот на независна Македонија. Тие не се само мафија, на овие луѓе и мафијата може да им позавиди. Подобри од нас се: Косово, Албанија, Танзанија, Буркина Фасо, Колумбија, Брегот на Слонова Коска, Гамбија, а заедно сме со Панама и Монголија. Пад од цели 45 места за 5 години“, посочи Мицкоски во врска со резултатите од извештајот.

Share
Scroll to Top