Над 8.000 деца од основните и средните училишта ќе бидат тестирани за ковид

пред 3 години

Со согласност од родителите, учениците во основните училишта од прво до петто одделение, како и од шесто до деветто одделение и учениците од средните школи ќе бидат тестирани за присуство на вирусот Ковид 19. Во методологијата се опфатени околу 8.200 деца, пропорционално дистрибуирани по општини според број на ученици, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Планирано е скрининот да трае 5 дена и дневно да се тестираат по околу 800 деца, во самите училишта кадешто мобилни екипи ќе одат на терен и ќе го вршат тестирањето за време на часовите.

„Учениците ќе се бираат по случаен избор од регистарот на Е дневник, а родителите ќе треба да потпишат согласност за учество на тестирање на децата. Доколку некој од родителите одбие, ќе има заменски примерок од каде ќе се избира следното дете за тестирање“, рече министерот.

Децата од посебните училишта и училиштата каде просечниот број на ученици во одделение е помал од 10 деца ќе бидат исклучени од овој процес од причина што станува збор за помали рурални места каде учат многу мал процент од сите ученици и во места каде инциденцата на вирусот е многу ниска.

Share
Scroll to Top