Направени се исчекори во спроведувањето на Договорот од Преспа, но треба да внимаваме, изјави Османи

пред 3 години

Направени се доста исчекори во спроведувањето на Договорот од Преспа, истакна денеска македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи.

„Сметам дека одредни разлики што се појавија околу фудбалот во контекст на Договорот од Преспа немаат потенцијал да го минираат стратешкото партнерство што е изградено со Грција, но ако не внимаваме и ние и Грците во однос на обврските од договорот може проблемите да се акумулираат и да излезат на површина тогаш кога најмалку ги очекуваме, изјави Османи, одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во МНР.

Затоа од првиот ден кога дојдов во МНР формирав работна група, назначив координатор за следење на договорот и акциски план за реализација кој лично го контролирам на неделно ниво, потенцира министерот.

„ Мислам дека најголем дел од обврските од членот 8 се реализирани или се реализираат. Дел од обврските се поврзани со процесот на евроинтеграцијата, отворањето и затворањето на поглавјата и тие се меѓузависни. Би посакал да има повеќе резултати од комисиите. Во комисијата за учебници во Грција се смени целиот состав и таа треба одново да почне со разговори. Пандемијата ги онезвозможи физичките контакти кои се важни. И меѓународоната група на експерти што ги дефинира трговските марки исто така делумно е жртва на пандемијата, а делумно на неможноста да се состанат со Стопанската комора заради неадаптирање на името. Тоа во меѓувреме се реши и сега има средби меѓу коморите, бизнис асоцијациите. Мислам дека во овој дел од Преспанскиот договор, независно што околу фудбалот се појавија одредени разлики, тие немаат потенцијал да го минираат стратешкото партнерство што е изградено со Грција, изјави шефот на дипломатијата Османи.

Share
Scroll to Top