Николоски: Единствениот контакт на Мицкоски со вмешан во аферата „Мафија“ беше со Зоран Заев на лидерската

пред 4 години

На денешната прес – конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во однос на обвинувањата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за наводни контакти на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со некој од приведените во вчерашната акција „Мафија“ истакна дека СДСМ изминатиот период пласира лажни вести со цел да ја дефокусира јавноста, а единствен контакт на Мицкоски изминатиот период е со Зоран Заев на лидерската среда.

„Ова се смешни работи,СДСМ неколку дена со ред пласира целосни лажни вести класичен фејк њуз, ги растура пердувите со цел да на тој начин ја скрие сопствената одговорност мислејќи дека ќе ја дефокусира јавноста. Единствен со кого претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имал контакт изминатиов период, а кој што можеби е поврзан со овие работи е Зоран Заев, ако Оливер Спасовски мисли на Зоран Заев, да, имаа контакт, видовме сите имаше лидерска средба“, рече Николоски.

Share
Scroll to Top