ВМРО-ДПМНЕ: Што ќе рента Османи за 900.000 евра? Кога 175 мерцедеси С класа за два дена може да се изнајмат и под 200.000 евра, каде одат 700.000 евра

Османи: Политичката поларизација и блокирањето на Собранието се главни забелешки во извештајот на Европската комисија

пред 3 години

Политичката поларизација и блокирањето на парламентот, министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека се главните забелешки во извештајот на Европската комисија, а за тоа вината ја гледа кај опозицијата, која ја блокирала работата на законодавниот дом.

Прашан од новинарите за извештајот пред тој да биде објавен, министерот Османи рече дека од овие причини оневозможено било да се донесат голем број законски и реформски решенија, кои би ги адресирале слабостите што евентуално ги констатирала ЕК.

Османи дополнително обвини дека опозицијата го блокира парламентот со години поради некој ситен партиско-политички и дневен интерес.

Текстот Османи: Политичката поларизација и блокирањето на Собранието се главни забелешки во извештајот на Европската комисија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top