Пецаков прогласи победа во Охрид

пред 3 години

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, Кирил Пецаков прогласи победа по вториот круг од локалните избори. Тој на неговиот профил на социјалните мрежи се заблагодари на охриѓани кои гласале за него.

„Благодарам Охриде! Победа! Си го познавам својот народ, ги познавам охриѓани и убеден сум дека Охрид ќе биде почеток на промените, разликата ќе биде многу поголема од првиот круг!“, напиша Пецаков.

Инаку, и во првиот круг, Пецаков освои повеќе гласови од неговиот противкандидат Константин Георгиески од СДСМ.

Share
Scroll to Top