Поради долгови натепани двајца пензионери во Батинци

пред 4 години

Двајца скопјани на возраст од 85 и 84 години, вчера биле нападнати со тврд предмет во селото Батинци, од страна на две лица.

На настанот претходела расправија околу нерасчистени должничко-доверителски односи.

Зад нападот стојат С.Ј.(64) и неговиот син С.Д.(35), двајцата од Скопје, кои се приведени од страна на полицијата.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР.

Share
Scroll to Top