Потпишани два нови договори за изградба на детски градинки во Могила и Гевгелија

пред 3 години

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска потпиша два Договори за соработка со градоначалниците на Општина Могила и на Општина Гевгелија, за изградба и за доградба на две детски градинки.

Договорите се однесуваат за активности од јавен интерес со кои се унапредува поддршката на политиките за развој на детската заштита, за зголемување на опфатот на деца во детските градинки.

Договорот со Општината Могила за изградба на детска градинка за капацитет од 40 деца. Додека договорот со Општина Гевгелија е за доградба на детската градинка „Сончогледи“, за капацитет од 135 деца. Министеркта Тренчевска рече дека, Владата и министерството продолжуваат со инвстирањето во првиот чекор на децата во образовиот систем, каде ги стекнуваат основните навики и вештини во дружењето и учењето.

„Наша цел е да гледаме среќни деца во градинките и затоа годинава ќе го зголемиме бројот со уште 12 објекти за предучилишно образоваие. Со потпишувањето на договорот за нова детска градинка во Могила, за правпат општината да добие предучилишна образовна установа. А со проширувањето на градинката „Сончогледи“ во Гевгелија, ја продолжуваме нашата заложба за опфатот на што поголем број на деца во градинките“, рече министерката Тренчевска.

За изградаба на детскта градинка во Општина Могила од буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2022 година обезбеди средства во вкупен износ од 10.864.125,07 денари без ДДВ, односно 12.819.667,59 денари, вкупна вредност со ДДВ.

Општината Могила предводена од градоначалникот Драганчо Саботковски ќе обезбеди услови за формирање на градилиштето, траен приклучок за електрична енергија, водовод, канализација и греење.

За реализација на доградбата на детска градинка „Сончогледи“, од буџетот на МТСП за оваа година обезбедени се 41.827.779,00 денари без ДДВ, односно 49.024.779,00 денари, вкупна вредност со ДДВ. Општина Гевгелија предводена од градоначаллникот Андон Сарамандов ќе ги обезбеди потребните услови за формирање на градилиштето, приклучок за електрична енергија, водовод канализација и греење. Ќе го финансира и партерното уредување со урбана опрема, ​Градежните работи на двете детски градики треба да завршат за 14 месеци.

Share
Scroll to Top