Овчарот кој беше најден премрзнат во кратовско починал утрово во штипската болница како последица на компликации од крварење во мозокот.
Откако возилото на брзата помош не можело да се пробие низ стрмниот терен, четворица на раце околу пет часа го носеле пациентот низ козји патеки до Штипската болница.
Како што напиша докторот Зафиров, инстутуциите до кои се обратиле за помош да испратат возило, не им одговориле на повикот.
Од Центарот за управување со кризи, вчера изјавија дека од нив не бил побаран хеликоптер и затоа не помогнале.