Починал кумановец додека работел во локомотива

пред 3 години

Педесет и едногодишен кумановец починал додека извршувал работни задачи во локомотива на пругата помеѓу железничка станица “Агино Село“ и железничка станица “Дељадровци“.

Како што соопшти МВР, вчера утрото додека работел С.В. од Долно Коњаре, кумановско, му се слошило, па колегата С.Д. од Куманово го пренел на железничка станица “Миладиновци“ каде од лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено во судска медицина за обдукција.

Share
Scroll to Top