Две лица од Скопје биле лишени од слобода откако биле фатени при вршење на кражба од патничко возило соопшти полицијата.
Според информации од таму, вчера околу 04.00 часот на ул.„Народни херои“ со ул.„Михаил Чаков“, од слобода биле лишени лицата В.Н.(25) и А.М.(37), и двајцата од Скопје, бидејќи биле фатени при вршење на кривично дело тешка кражба од патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на П.А.(30).
Лицата се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, за случајот е известен Јавен обвинител и по комплетно документирање против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат надлежните.