Приведени дилери во Битола, пронајден хероин

пред 3 години

Полицијата приведе двајца битолчани откако кај нив пронашла девет пакувања хероин, соопшти МВР.

Имено вчера полициски службеници од СВР Битола и САЕ „Тигар“ на ул.„Осма” во Битола, ги лишиле од слобода В.У.(33) и М.К.(31), двајцата од Битола, бидејќи кај нив биле пронајдени и одземени девет пакувања хероин.

Тие биле приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава до надлежното обвинителство по чл. 215 од Кривичниот законик.

Share
Scroll to Top