Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кичево вчера го привеле М.Ѓ.(19) од Кичево, кај кого биле пронајдени и одземени 12 паковки со марихуана.
Дополнително, при извршен претрес во неговиот дом, по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени уште 19 пакувања со марихуана и пари.
По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, најавија надлежните.