Полицијата уапсила 65-годишно лице од Крива Паланка за издржување на затворска казна.
Вчера во 16.50 часот во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка, го лишиле од слобода А.М.(65) од Крива Паланка.
Тој бил приведен врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор.
А.М. бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Куманово за издржување на казната.