Над 44.000 членови на СДСМ на директни внатрепартиски избори со тајно гласање го избраа новиот претседател на партијата,соопштија од владејачката партија.
„ Тоа е највисок степен на демократија, највисок демократски стандард на македонската политичка сцена.
Истовремено ВМРО-ДПМНЕ на конгрес каде се однапред се знаеше, со само еден кандидат одлучи да остане истата нереформирана партија.
Огромна е разликата помеѓу концептите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ се менува, се трансформира, а ВМРО-ДПМНЕ останува иста и нереформирана“ додаваат од СДСМ.