СДСМ: Немаме допирни точки со изнесените ставови на Љубчо Георгиевски

пред 4 години

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не се согласува со предлогот што го изнесе експремиерот, Љубчо Георгиевски, за решавање на спорот со Бугарија.

„Нашите ставови се различни од оние на господиниот Георгиевски“, изјави пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска, прашана кој е ставот на партијата за тезите на нивниот коалиционен партнер и дали ове точки се прифатливи за владеачката партија.

Таа рече дека СДСМ останува на своите јасни и веќе кажани позиции околу ова прашање. Партијата е отворена за дијалог и изнаоѓање на решение со Бугарија, меѓутоа, македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се тема на разговор.

„Ниту се разговарало, ниту пак, во иднина ќе се разговра за јазикот и идентитетот. Ставовите на господинот Георгиевски се негови лични ставови со којшто ние апсолутно немаме никакви допирни точки“, рече пратеничката.

Георгиевски претходно изнесе план во 5 чекори за решавање на спорот со Бугарија. Тој предложи Македонија да даде гаранции дека нема претензии кон Источна Македонија и нема да го помага македонското малцинство во Бугарија. Понатаму, бугарскиот парламент во декларација да изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944 година. Како четврта точка, Георгиевски се залага за промена на стратегијата на историските комисии, а последно тој предлага македонската страна да ја даде под концесија железничката пруга на бугарските железници со пресметан екстра профит да ја доградат.

Share
Scroll to Top