Пожарот во тетовското с.Фалише е се уште активен, информираат од Центарот за управување со кризи.
„Иако со значително намален обем се уште има пламен и чад. Тетовските пожарникари гаснеа непрекинато во текот на целата ноќ и продолжуваат со гаснење“, се додава во информацијата од директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Според најавите, се очекува целосно да биде изгаснат во наредните неколу часа.
Текстот Се уште активен пожарот во тетовско Фалише е превземен од МАКФАКС.






