Четворица тетовци сомнителни на јужноафриканскиот сој на коронавирус

пред 3 години

Лабараторијата на МАНУ ќе испитува примероци од четири лица од Тетово за кои има сомнение дека се заболени од јужноафриканскиот сој на коронавирусот, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

„Од МАНУ ме информираа дека има четири случаи кои треба да бидат секвенционирани, а се суспектни на јужноафриканскиот сој – лицата се од Тетово“, истакна министерот.

Тој посочи дека ова покажува оти во земјата веројатно се присутни и други соеви на коронавирусот.

Потсетување, досега се потврдени и 10 случаи на делта-сојот, кој за првпат се појави во Индија.

Share
Scroll to Top