Абрамович без брзо подобрување ќе го отпушти Лампард

Абрамович без брзо подобрување ќе го отпушти Лампард

пред 4 месеци

Поранешниот фудбалер на Челси, Крег Барли го предупреди Френк Лампард дека и покрај тоа што е миленик на навивачите на „сините“, Роман Абрамович ќе му врачи отказ ако не успее да влезе во топ 4 оваа сезона.

42-годишниот Лампард минатата сезона ги предводеше Челси до квалификациите за ЛШ по четвртото место и до финалето во ФА купот, каде што загубија од Арсенал, а во текот на летото доби пари за еден куп засилувања, носејќи ги Тимо Вернер, Каи Хаверц, Бен Чилвел, Тијаго Силва и Хаким Зијеш, со сума од над 200 милиони фунти.

Сепак, нивната адаптација на Премиер лигата не оди најдобро и по третиот пораз во четири гостински меча (3:1 од Арсенал), Челси е само на седмото место на табелата.

„Лампард има играчи кои не се во форма, кои не се доволно фит и тоа претставува проблем. На стартот на сезоната изгледаа како најбрзиот тим во Премиер лигата, сега изгледаат како најспориот. Газдата Роман Абрамович не трпи непостојаност, лоши резултати без разлика за тоа кој е на тренерот. Во моментов, тој е на листата за откази, тоа е јасно“, вели Барли.

Share

GoGoAnime watch anime online: Watch Jujutsu Kaisen (TV) Episode 5

AnimeHeaven animeheavenru: How Not to Summon a Demon Lord Ω Episode 2

Scroll to Top