Австралиска пливачка се откажа од Олимпијадата поради „перверзни мажи“

Австралиска пливачка се откажа од Олимпијадата поради „перверзни мажи“

пред 3 години

Двократната освојувачка на олимписко сребро, австралиската пливачка Медлин Гроувс реши да не настапува на Олимпијадата поради „перверзните мажи“ во репрезентацијата.

Гроувс нема да плива на австралиските квалификации во Мелбурн оваа недела, објаснувајќи дека не е направено доволно да се заштитат жените. На крајот на минатата година, таа откри дека „познат тренер“ и се извинил за коментарот кој го дал, „најверојатно по совет на луѓе на високо ниво“.

„Веќе не можете да искористувате млади жени и девојки, да ги срамите за изгледот на телото и потоа да очекувате да пливаат за вас за да ги добиете бонусите на крајот на годината. Тоа време заврши. Ова треба да биде лекција за сите перверзни мразители на жени во спортот“, напиша Гроувс на социјалните мрежи.

Австралиската пливачка федерација објави дека контактирале со Гроувс по обвинувањата на крајот на годината, но дека таа не дала дополнителни детали.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maddie Groves (@mad_groves)

Share
Scroll to Top