Автобиографскиот филм за Ибрахимовиќ најавен за 2021 година

Автобиографскиот филм за Ибрахимовиќ најавен за 2021 година

пред 4 години

Филм базиран на автобиографијата на Златан Ибрахимовиќ, „Јас сум Златан“, ќе биде објавен во 2021 година, потврдија шведските медиуми, и во него двајца актери ќе ја имаат улогата на славниот шведски фудбалер.

Филмот ќе има сценарио на Јакоб Бекман и Давид Лагенкранц, додека режисер ќе биде Јенс Сјогрен. Двајца актери ќе го глумат Златан – Доминик Барјактари Андерсон за возраста од 11 до 13, и потоа Гранит Рушити за постариот Ибра од 17 до 23 години. Снимањето е започнато во октомври и ќе биде завршено во Амстердам со промоција во текот на есента 2021 година.

„Ибрахимовиќ е повеќе од фудбалер, тој е лидер, легендарна икона, начин на живот и нешто што не може да се повтори. Се работи за современа легенда која ќе биде преточена и во киното“, вели продуцентот на филмот, Андре Окипинти.

Share
Scroll to Top