Алан Ширер не може да поверува како изгледа играта на Манчестер јунајтед

Алан Ширер не може да поверува како изгледа играта на Манчестер јунајтед

пред 6 часа

Легендарниот англиски фудбалер Алан Ширер никогаш не играл во Манчестер јунајтед, изгради блескава кариера во Саутемптон, Блекбурн и Њукасл, но не може да го гледа она што се случува со тимот од „Олд Трафорд“.

Еден од најдобрите напаѓачи на англиската репрезентација во историјата изјави дека играта на „црвените ѓаволи“ не постои, дека нивните натпревари се негледливи и дека играчите треба да покажат малку поголема одговорност.

„Што е ова? Дали некој знае што точно игра Манчестер јунајтед? Овој тим нема идеа, нема план и тоа што го игра е неспособно и очајно“, изјави Ширер по поразот на Манчестер јунајтед од Тотенхем (0:3).

„Играчите се тие кои треба да покажат многу поголема одговорност. Не можат секоја недела да се кријат зад тренерот Ерик тен Хаг и критиките упатени кон него. Неопходно е да се разбудат и да покажат дека заслужуваат да го носат дресот на овој клуб. Манчестер јунајтед е голем клуб, вакви работи не смеат да се случуваат“.

Манчестер јунајтед моментално ја зазема 12-та позиција на табелата во англиската Премиер лига, откако по шест кола освои само седум бода.

Share
Scroll to Top