Англија-Исланд на крај ќе се игра во Албанија?

Англија-Исланд на крај ќе се игра во Албанија?

пред 4 години

Проблемите околу одигрувањето на мечот помеѓу Англија и Исланд од Лигата на нации може да се реши така што мечот ќе се одигра на неутрален терен во Албанија, тврди „Дејли мејл“.

Англиската Фудбалската асоцијација (ФА) имаше итни преговори со британската влада за закажаниот меч на „Вембли“, откако се донесе уредба со која сите пристигнувања од Данска во Британија се забранети за странци, а за Британци е задолжителен карантин од 14 дена поради новиот подтип на КОВИД-19 кој се појавил кај визони во Данска и Шведска.

Исланѓаните играат меч со Данска пред да пристигнат во Британија, што значи дека нема да им биде дозволен влез, и ФА бара неутрален терен за да не се случи мечот да го загубат службено со 0:3. Според „Дејли мејл“, најсериозен кандидат за ова е Албанија.

Share
Scroll to Top