Микел Артета има пет меча за да докаже дека неговиот Арсенал има сили за нешто повеќе оваа сезона, и во спротивност ќе биде заменет со Антонио Конте, тврди британскиот „Дејли телеграф“.
Притисокот на менаџерот на Арсенал се зголеми по двата порази на стартот на сезоната, што претставува најслаб старт на една сезона во историјата на клубот, и првите луѓе на клубот му даваат до октомври да го осигура своето работно место.
Како можна замена веќе подолго време се споменува Антонио Конте, кој по заминувањето од Интер беше во преговори со Тотенхем, но не ја прифати нивната понуда поради ограничениот буџет за засилувања кој му бил ветен. Откако Артета потроши над 150 милиони фунти во последните две сезони на млади фудбалери, нејасно е колку буџет и каков план Арсенал би му претставиле на Конте.