Асенсио лут што остана на клупата, Анчелоти вели дека тоа е добар знак

Асенсио лут што остана на клупата, Анчелоти вели дека тоа е добар знак

пред 2 години

И покрај тоа што Карим Бензема е повреден, Марко Асенсио не доби шанса да влезе во игра при 4:1 победата на „кралевите“ против Мајорка, и јасно ја покажа својата фрустрација од тренерот Карло Анчелоти, фрлајќи го дресот и шутирајќи шише.

26-годишниот Асенсио се подготвуваше да влезе во игра во 70. минута од мечот, но Анчелоти реши да ги прати на теренот Едуардо Камавинга и Дани Карвахал. Тој има само 19 минути игра во последните 9 меча на Реал Мадрид, откако играше во само два од нив.

Анчелоти беше свесен за неговата фрустрација.

„Асенсио е лут и тоа е нормално. Ако е лут, тоа значи дека сака да игра и ќе го земам тоа во предвид. Тој е важен фудбаалер за нас“, изјави Анчелоти за „АС“.

Share
Scroll to Top