Германскиот првак Баерн Минхен во летниот преоден рок сака да се засили со напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид.
На „Алијанц арена“ очајно е потребен напаѓач кој ќе ја пополни дупката по заминувањето на Роберт Левандовски. Обидот со Садио Мане не се покажа како добро решение, особено што Сенегалецот предизвика и немир во соблекувалната на тимот.
Токму поради оваа причина Германците сега го насочија вниманието кон Џонатан Дејвид, кој покажа сериозен потенцијал и доследност во настапите.
23-годишниот Канаѓанец игра уште една одлична сезона за францускиот клуб и тоа не остана незабележано, не само од Баерн Минхен, туку и од Арсенал, Манчестер Јунајтед, Челси, Ливерпул, Милан и Интер, кои исто така се заинтересирани за голгетерот на Лил.