Интересната ситуација во групата Б во Лигата на шампиони е на 45 минути од својот расплет, и засега, само Реал Мадрид е на чекор до осминафиналето.
„Кралевите“ имаат 2:0 водство против Борусија Менхенгладбах во доминантно прво полувреме благодарение на двата гола на Карим Бензема, но на „Џузепе Меаца“ во Милано, Интер и Шахтјор се „заглавени“ на 0:0, резултат кој двете екипи ги исфрла од игра за пласман во осминафиналето.
Со вакви резултати, Реал се први на табелата со 10 поени, Менхенгладбах се втори со 8, колку што имаат и третопласираните Шахтјор (со послаб меѓусебен скор со бундеслигашот), а Интер се последни со шест поени. Односно, доколку меѓу Интер и Шахтјор нема победник, тогаш Менхенгладбах е во осминафинале, додека ако било кој од тие две екипи добие победа, тогаш тие се патниците, бидејќи Интер има подобар меѓусебен скор со Менхенгладбах и со три поени би биле израмнети по бројот на поени.
Monsieur Karim Benzema repite la dosis y firma su doblete de cabeza. Perfecto trazo de Rodrygo. #HalaMadrid ???
Real Madrid 2-0 @Borussia#ChampionsLeague #UCL pic.twitter.com/wu3lvzMIKk
— Solo Fútbol Goles ⚽️ (@SoloFGoles10) December 9, 2020