Берлускони: КОВИД-19 не е шега, внимавајте мои Италијанци

Берлускони: КОВИД-19 не е шега, внимавајте мои Италијанци

пред 4 години

Поранешниот претседател на Милан и експремиер на Италија, Силвио Берлускони ги предупреди своите сограѓани да не го потценуваат КОВИД-19, откако во септември беше позитивен и помина 10 дена во болница.

„Секако, уште чувствувам замор, што е вообичаено за тие кои ја поминаа оваа болест. Вознемирен сум што толку многу Италијанци може да поминат низ тоа што јас поминав, стравот за семејството и пријателите и болката а загубените, заедно со економското уништување. Мораме да бидеме внимателни и одговорни во секој момент“, вели Берлускони, кој сега е претседател на амбициозниот второлигаш Монца, во интервју за весникот „Ла република“.

Италија последните два дена има по 19.000 нови позитивни случаи.

Share
Scroll to Top