Билбао ги скрши срцата на навивачите на Леванте, против Барса за куп титулата

Билбао ги скрши срцата на навивачите на Леванте, против Барса за куп титулата

пред 4 години

Атлетик Билбао се покажаа како специјалисти за куп-натпреварувањата, откако во реваншот од полуфиналето на Копа дел реј, со 2:1 славеа кај Леванте на Енис Барди со гол во 112. минута од продолженијата.

Марти Рохер ги донесе Леванте во водство во 17. минута од мечот, но веќе во 30. минута Атлетик израмни на 1:1 со гол од пенал на Раул Гарсија. Барди влезе во игра во второто полувреме, но домаќините не успеаја да стигнат до голот кој им носеше прво финале во историјата на клубот, пред во 112. минута преку Алехандро Беренгер стигнаа до голот вреден финале.

Атлетик го чека и финалето од Копа дел реј од минатата сезона, против баскискиот ривал Реал Сосиедад, кој лани беше одложен поради пандемијата на КОВИД-19. За потсетување во средината на јануари во еден драматичен меч, Атлетик успеа да ја совлада Барса со 3:2 по продолженијата за да ја освои титулата од Суперкупот на Шпанија.

Share
Scroll to Top