Атлетик Билбао стигна до убедлива 4:0 победа над Реал Бетис, зголемувајќи ја кризата кај тимот на Мануел Пелегрини, кој успеа да прими девет гола во два натпревари и дури 21 досега во шампионатот.
Натпреварот почна лошо за гостите, откако уште во деветтата минута Виктор Руиз си постигна автогол, за Андер Капа да зголеми на 2:0 во 33. минута. Во второто полувреме, баскискиот клуб ја потврди победата со головите на Муниаин (59. минута) и Беренгер (68.минута).
Со трите поени, Атлетик се на осмото место со 12 поени, додека Бетис се 12. со ист број на поени, но послаба гол разлика.