Боатенг повторно под истрага за напад на поранешната девојката која се самоуби

Боатенг повторно под истрага за напад на поранешната девојката која се самоуби

пред 4 години

Германските обвинители повторно го отвориле случајот против ѕвездата на Баерн Минхен, Џером Боатенг откако се појавиле нови информации за неговиот наводен напад на поранешната девојка Касја Ленхард по нејзиното самоубиство, тврдат германските медиуми.

Случајот првпат беше отворен во 2019, но беше затворен минатото лето откако Ленхард не сакаше да оди понатаму со обвиненијата. Боатенг беше обвинет дека ја нападна во октомври 2019 година, една година пред нивната јавна разделба, која на крајот заврши со самоубиство на поранешната манекенка.

Фотографиите на повреденото уво на Ленхард беа споделени накратко на социјалните мрежи, но веднаш избришано неколку часа пред 25-годишната Ленхард да биде пронајдена мртва во нејзиниот стан во Берлин.

Боатенг неодамна ја обвини Ленхард, која е родена во Полска, за саботирање на неговата претходна врска со девојката Ребека, како и за уценување да останат заедно. Централниот бек, кој ја освои светската титула со Германија во 2014 и Лигата на шампионите со Баерн во 2013 и 2020, покрај ова е обвинет за напад во посебен случај од уште една поранешна девојка, Шерин Зенлер, но случајот е „паузиран“ поради ограничувањата во Германија поради пандемијата на КОВИД-19.

Поранешната девојка на Џером Боатенг извршила самоубиство

Share
Scroll to Top