„Буфон треба да се пензионира, легенда е не треба да биде резерва“

„Буфон треба да се пензионира, легенда е не треба да биде резерва“

пред 4 години

Легендарниот италијански голман, Џанлука Паљука, вели дека Џиџи Буфон е „најдобриот голман во историјата“, но дека треба да ја заврши кариерата, а не да биде резерва во Јувентус.

Буфон, оваа сезона настапил на само пет натпревари, а откако се врати во Јувентус во 2019 година, забележал 25 настапи во сите натпреварувања.

Неодамна медиумите објавија дека 43-годишниот голман нема намера да се пензионира, туку дека сака да брани во клуб надвор од Италија. Паљука смета дека таквата одлука е погрешна.

„Да сум на неговото место веќе ќе бев во пензија. Ќе ја завршев кариерата по истекот на договорот со ПСЖ. Одличен потег му беше што замина во Париз, бидејќи редовно бранеше, а ПСЖ е голем клуб. Но што прави сега? Седи на клупата, Буфон е резерва. Задоволен е кога брани во Купот на Италија. Тоа не е за него. Со таква кариера требаше да се повлече кога имаше 41 година, а не да седи на клупата. Не знам како тој размислува. Можеби сака уште да се натпреварува. Се уште е добар голман, но не треба да е резерва. Зборуваме за најдобриот голман во историјата на фудбалот“, рекол легендарниот голман на Сампдорија и Интер.

Share
Scroll to Top