Вардарци се жалат на судиска лакрдија при поразот во Гостивар

Вардарци се жалат на судиска лакрдија при поразот во Гостивар

пред 3 години

Најтрофејниот македонски клуб Вардар загуби од Гостивар со 2:1 во 22.коло од Втората лига Запад, но фудбалерите се жалат на катастрофалното судење на овој натпревар од судиите Влатко Илиоски, Зоран Костоски и Марјан Смилкоски, сите од Прилеп.

Вардар поведе на натпреварот во деветтата минута со голот на Бенџамин Демир, но пред крајот на првото полувреме беше досуден пенал за Гостивар, иако судиите претходно покажаа дека се работи за гол-аут.

Во второто полувреме, при акција на Вардар, беше досудена неверојатна офсајд позиција за Вардар, иако фудбалер на Гостивар лежеше на теренот 20 метри понапред заедно со голманот на домаќините.

Вардарци се сомневаат дека се работи за очигледен заговор Вардар да не се врати во Првата лига. На останатите натпревари од Втората лига Запад, постигнати се следните резултати: Кадино – Воска Спорт 1:2, Велешта – Силекс 1:2, Охрид – Кораби 2:1, Тетекс – Беса 0-0.

Share
Scroll to Top