Верати: Зошто би заминал од тим како ПСЖ?

Верати: Зошто би заминал од тим како ПСЖ?

пред 5 месеци

Италијанскиот репрезентативец Марко Верати открива дека никогаш не помислил да замине од Пари Сен-Жермен бидејќи нема тим кој би можел да го привлече.

27-годишниот Верати веќе осум сезони е на „Паркот на принцовите“ и минатата сезона помогна да се стигне до тројната домашна титула и до првото финале во Лигата на шампионите, каде што загубија од Баерн Минхен.

„Тоа беше голем удар за нас, но патот беше одличен. Баерн имаа фантастичен тим, а за нас и финалето е позитивна работа. Се обидувавме да стигнеме до тоа финале осум години и сега имаме повеќе сила да се обидеме повторно. За да го заборавам тој пораз би било убаво со Италија да го освоиме Европското првенство, мојот сон од детството“, вели Верати.

Тој нема играно во Серија А, бидејќи директно од второлигашот Пескара замина во Франција и вели дека нема голема желба да се врати во италијанскиот фудбал.

„Најмногу сакам да играм фудбал и го правам тоа за еден тим кој има големи цели. Во овие осум години, играв со големи шампиони и ниту еднаш не помислив да заминам од ПСЖ. Се чувствувам одлично во Париз, но не знам што носи иднината“, додава Италијанецот.

Share

The Day I Became a God (Dub) (https://crunchyrollfree.com/m/NM61) Episode 6 at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll premium free 2020

Death Note (https://animeheaven.pro/m/4nk) Episode 37 at website https://animeheaven.pro. See more arifureta anime heaven

Scroll to Top