Кошаркарите на Атланта Хокс, предводени од брилијантниот Тре Јанг, славеа на теренот на најдобриот тим во НБА лигата, Кливленд Кавалирс со 135:124.
Кавалирс жестокот го започнаа натпреварот, поведоа со 9:0, а набрзо беше 30:11, најавувајќи катастрофа за гостите од Џорџија.
Сепак, така не мислеше Тре Јанг, го водеше својот тим со 22 асистенции (рекорд во кариерата), а ја постигна клучната тројка од девет метри на 90 секунди до крајот на мечот.
Јанг мечот го заврши со 20 поени (3/13 за три).
ICE
TRAE
YOUNG pic.twitter.com/x4v2UY5Do1— Atlanta Hawks (@ATLHawks) November 28, 2024
Покрај него, најзначаен придонес во триумфот имаше резервистот Диандре Хантер со 26 поени, заедно со Џејлен Џонсон со 22, односно Захари Рисашер и Богдан Богдановиќ со по 17 поени.
Атланта на Кливленд му го нанесе првиот пораз на домашен терен од почетокот на сезоната. Кавалирс со скор 17-2 и понатаму се први во лигата.