Иако утнаа пенал во првото полувреме, Кадиз ги победија Реал Валјадолид со 2:0 за да си ги зголемат шансите за опстанок во Ла лига во неизвесната борба во финишот на сезоната.
Рубен Алкараз во 36. минута утна пенал и пропушти да го донесе својот клуб во водство, за во финишот на мечот, Тео Бонгонда да го реши победникот – прво даде гол во 70. минута, за шест минути подоцна од пенал да го удвои водството.
Кадиз сега се на 14. место на табелата со 38 поени, четири поени пред Хетафе на 18. место со 34 поени. Валјадолид останува 17. со 35 поени.