Торонто Репторс ја продолжија серијата на очајни резултати и на гостувањето во Минеаполис. Минесота го декласира Торонто со 133:85. За Репторс ова беше 15.пораз во низа.
Торонто Репторс осакатен од повредите отпор на Минесота и пружи само во првата четвртина. Овој натпревар екипата од Канада го одигра со осум играчи.
„Бевме конкурентни во првата четвртина. Направивме добра работа ја пречивме нивната контра и играта во транзиција. Тие постигнаа 23 поени. Како одминуваше натпреварот, ние се повеќе се заморувавме. Почнавме да им ја подаруваме топката. Откако почнавме да правиме тоа, се им се отвори“, го објасни дебаклот тренерот на Репторс, Дарко Рајаковиќ.
Минесота ја предводеа Ентони Едвардс со 28 и Наз Рид со 23 поени, додека Руди Гобер имаше 11 поени и 15 скока.
Во редовите на Репторс најефикасни беа Имануел Квикли, Грејди Дик и Џејвон Фримен-Либерти со по 16 поени.
Резултати:
Шарлот – Портланд 86:89
Вашингтон – ЛА Лејкерс 120:125
Атланта – Детроит 121:113
Бостон – Оклахома 135:100
Бруклин – Индијана 115:111
Милвоки – Мемфис 101:111
Минесота – Торонто 133:85
Њу Орлеанс – Орландо 108:117
Феникс – Кливленд 122:101