Македонскиот репрезентативец, Влатко Стојановски е нов фудбалер на хрватскиот клуб Горица, каде што пристигнува како слободен играч и потпиша договор до 2024 година.
Поранешниот фудбалер на Македонија, подоцна играше за францускиот Ним, пред минатата сезона да биде позајмен во Шамбли.
„Се чувствувам одлично, дојдов во еден организиран клуб, кој секоја година е подобар и има големи амбиции. Хрватската лига ми е позната бидејќи играв во Сплит и во Дугопоље и очекувам добри резултати“, изјави Стојановски за веб-сајтот на хрватскиот прволигаш.