Во емотивен меч во Атина, Ефес до победа над Панатинаикос

Во емотивен меч во Атина, Ефес до победа над Панатинаикос

пред 2 години

Анадолу Ефес со доминантно второ полувреме стигна до 87:82 побeда на гости кај Панатинаикос, во емотивен меч за двата клуба кои претставуваат земји кои во последните денови доживеа вистински катастрофи – трагичниот земјотрес во Турција, како и страотната железничка несреќа во Грција.

Вил Клајбурн имаше 24 поени, 7 скока, 4 асистенции и 2 украдени топки за да ги предводи Ефес до победа, откако тимот на Ергин Атаман направи 10:0 серија во третата четвртина за да се одвои на 16 поени предност. Шејн Ларкин додаде 13 поени и 10 асистенции за Ефес во меч во кој не играа Василије Мициќ и Догуш Балбај поради повреди. за ПАО ова е петти пораз во низа под новиот тренер Христос Серелис и сега имаат 8-18 скор.

ЕВРОЛИГА, 26.КОЛО
Барселона – Жалгирис 93:74 (19:27, 27:19, 31:18, 16:20)
Баерн Минхен – Црвена звезда 87:80 (19:23, 22:15, 11:18, 35:24)
Панатинаикос – Анадолу Ефес 82:87 (21:18, 19:25, 14:21, 28:23)

Share
Scroll to Top